Бразилскиот ас Нејмар нема среќа со повредите и најверојатно повторно ќе мора да оди на принудна пауза. Тој пак се повреди на вечерашниот меч меѓу Ал-Хилал и Естехал (3-0) во азиската Лига на шампиони.
Нејмар влезе во игра во 58-та минута на местото на Ал Хамдан, но мораше принудно да ја напушти играта неколку минути пред крајот на натпреварот. Најверојатно се работи за повреда на бутниот мускул.
За разлика од Нејмар, српскиот интернационалец Александар Митровиќ нема проблеми и игра во одлична форма. Тој постигна хет-трик за Ал-Хилал на овој натпревар.