Динамо Загреб одигра одличен меч на гостувањето во Братислава против Слован и победи со убедливи 4:1 во меч од четвртото коло во Лигата на шампионите. За Динамо ова е втора победа во низа во елитното натпреварување на УЕФА и со седум бода од четири кола Модрите сега се вбројуваат меѓу екипите кои ќе се борат за пласман во плејофот.
Чудо е ова што го прави Динамо ако се знае дека во првото коло хрватскиот првак беше демолиран и со рекордни 9:2 загуби од Баерн во Минхен. Сепак, по тој пораз следуваше реми против Монако (2:2), па победа над Салцбург на гости со 2:0, а сега и со 4:1 го победија и Слован.
Стрелец погоди за водство на Слован во петтата минута, но потоа следуваше шоу на Динамо, во чии редови капитенската лента ја носеше Стефан Ристовски. Шпикиќ израмни на 1:1, а Динамо во 30-тата минута веќе водеше со 2:1 со голот на Сучиќ.
Во второто полувреме следуваше шоу на Сандо Куленовиќ, кој постигна два гола и Динамо убедливо славеше. Освен Ристовски, во тимот на Динамо од 64-тата минута во игра влезе и Аријан Адеми.
За разлика од Ристовски и Адеми, Бојан Миовски со Жирона игра очајно во ЛШ. Шпанскиот тим загуби убедливо со 4:0 на гостувањето во Ајндховен кај ПСВ. Миовски беше стартер, а беше заменет во 67-мата минута, при негатива на неговиот тим со 2:0. По овој пораз, Жирона останува само со три бода во четири кола од ЛШ.