Милан блесна на „Сантијаго Бернабеу“, Ливерпул и Борусија се радуваа пред своите навивачи (Видео)

Милан го доби дербито против Реал, и тоа во Мадрид, победувајќи со 3:1. Оваа победа за Росонерите е голем мотив во елитната лига на УЕФА, каде што сега имаат шест бода, исто колку што има и Реал.

Чау со голот во 12-тата минута најави дека гостите победнички ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ откако погоди со глава по корнерот на Пулишиќ.

Реал израмни со погодокот на Винисиус јуниор, и тоа од пенал во 22-рата минута, но кратко траеше радоста на Кралевите.

Пред крајот на првиот дел, Алваро Мората ја искористи „заспаноста“ во одбраната на Реал и погоди за 2:1, а сите дилеми околу победникот беа решени во 73-тата минута, кога Тијани Рејнделс зголеми на 3:1.

Ливерпил на „Енфилд роуд“ дури во последната третина го скрши отпорот на германскиот првак Баер Леверкузен. До 60-тата минута немаше голови, а потоа следуваше шоу на Ливерпул. Луис Дијас погоди за 1:0, а две минути подоцна Гакпо зголеми на 2:0. Одличната игра на Дијас беше крунисана со хет-трик откако погодуваше и во 83-тата и 90+2 минута.

Борусија Дортмунд даде само еден гол против Штурм, но и тоа беше доволно за освојување на трите бода. Дури во 86-тата минута Мален погоди за голема радост на домашните фанови.

Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Лил – Јувентус 1:1, Селтик – Лајпциг 3:1, Болоња – Монако 0:1, Слован Братислава – Динамо Загреб 1:4, ПСВ Ајндховен – Жирона 4:0 и Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4:1.

- Оглас -

Најнови вести