Жирона е најнесреќната екипа во историјата на Лигата на шампионите

Екипата на Жирона, за која настапува македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски, загуби на гостувањето кај ПСВ Ајндховен со 0-4, а на овој натпревар каталонскиот тим постави еден антирекорд во Лигата на шампионите.

Дефанзивецот Ладислав Крејчи си постигна автогол и тоа е дури четврти гол кој самите си го дадоа во оваа сезона во ЛШ.

Така Жирона влезе во историјата како тим кој постигнал најмногу автоголови во една сезона. Стариот рекорд го држеше Фенербахче со три автоголови. Жирона, која е дебитант во европските натпреварувања, треба да одигра уште четири меча, па може бројот на автоголови да биде и уште поголем.

- Оглас -

Најнови вести