Голден стејт покажа сила против Бостон, блескавиот Никола Јокиќ доби помош и од Вестбрук

Голден стејт синоќа победи во Бостон, има скор 7-1 и покажува дека е и повеќе од конкурентен тим за највисоки дострели и покрај заминувањето на Клеј Томпсон. Стеф Кари постигна 27 поени, Бади Хилд додаде 16 и шампионот беше поразен од тимот од Калифорнија.

За Голден стејт вориорс ова е петта победа по ред, а следна станица е Охајо, каде што ги чека непоразениот Кливленд.

За Бостон, кој беше без Браун, Тејтум постигна 32 поени, а Дерик Вајт 26.

Кливленд исто така не знае за пораз. Синоќа однесе победа од Њу Орлеанс, сега има ефект 9-0, што е најдобар старт во историјата на франшизата. Донован Мичел постигна 29 поени, а повратокот на Зион Вилијамсон со неговите 29 поени не им помогна на противниците.

Тексашкото дерби му припадна на Хјустон. Домаќините водеа од почетокот до крајот, а позитивата од 25 поени на полувремето беше недостижна за Сан Антонио. Грин и ВанФлит постигнаа по 21 поен за Ракетите, Вембањама го заврши мечот со 15 поени и шест скока, а Грег Попович е болен и го пропушти веќе третиот натпревар, заменет е од асистентот Мич Џонсон.

Феникс игра одлично, има шест победи по ред, Дурант постигна 32 поени, одлично играше и Јусуф Нуркиќ со 20 поени и 18 скока. Иако Мајами водеше со 15 разлика во второто полувреме, во финишот домаќините сепак стигнаа до победа.

Оклахома падна во Денвер. Дербито помина во знакот на Никола Јокиќ, како и секој друг натпревар кога играат Нагетс. Тој ствари нов трипл-дабл, со 23 поени, 20 скока и 16 асистенции. Сепак, сите зборуваат за Расел Вестбрук, кој постигна 29 поени против Оклахома. Кај противникот, Џајлен Вилијамс имаше 29 поени и 10 скока, му недостасуваше асистенција за трипл-дабл, а Шај броеше до 28, но не успеа да реализира во последниот напад, па победата остана во Колорадо.

Трипл-дабл оствари и Сабонис во победата против Торонто. Литванецот постигна 22 поени, имаше 13 асистенции и 11 скокови.

Резултати НБА: Шарлот – Детроит 108:107, Индијана – Орландо 118:111, Атланта – Њујорк 121:116, Бостон – Голден стејт 112:118, Хјустон – Сан Антонио 127:100, Мемфис – ЛА лејкерс 131:114, Њу Орлеанс – Кливленд 122:131, Далас – Чикаго 119:99, Денвер – Оклахома 124:122, Феникс – Мајами 115:112, ЛА клиперс – Филаделфија 110:98, Сакраменто – Торонто 122:107.

- Оглас -

Најнови вести