Два меча со кои ќе се комплетира деветтото коло од кошаркарската Евролига се играат вечерва. Шоуто ќе биде во Белград, каде што Партизан е домаќин на Барселона. Црно-белите ќе ја имаат предноста на домашен терен и поддршка од над 20.000 навивачи, но Барселона е во многу подобра форма. Каталонскиот гигант има шест победи и само два порази, а Партизан е со обратен биланс, односно само две победи и дури шест порази.
Барселона во дуелите со Партизан има девет победи по ред, а интересно е дека во последните 10 пресметки двапати имало продолжение. Барселона сезонава веќе одигра дуел со продолжение во Белград, и тоа против Црвена ѕвезда, а на крајот Кталонците се радуваа на победа.
Во вториот меч кој се игра вечерва, Париз му е домаќин на Жалгирис. Францускиот тим има четири победи по ред и сигурно ќе се обидат да ја продолжат оваа убава низа за нив.
Одлична е и понудата за „плус-минус“ за поени, скокови и асистенции на кошаркарите кои вечерва треба да бидат на терените во Евролигата.