Анчелоти нареди „специјалка“ пред мечот со Ливерпул: „Ако не се подготвиме, ќе нѐ прегазат“

Фудбалерите на Реал Мадрид не блескаат од почетокот на оваа сезона, па Карло Анчелоти одлучи да започне со нов пристап.

Како што открија мадридските медиуми, Анчелоти побарал од кондициските тренери нов план со цел да ја подигне физичката подготвеност на играчите на повисоко ниво.

Анчелоти во моментов нема многу од првотимците на тренинг, дел поради бројни повреди, а дел поради обврските со репрезентациите, но по нивното враќање ги очекуваат значително поинтензивни тренинзи.

Наводно, во Валдебебас владее мислење дека Ливерпул ќе го прегази Реал Мадрид доколку не се промени нешто на тој план.

„Или ќе го подигнеме нашето ниво и физичката подготвеност или Ливерпул ќе нè прегази“, им порачал Анчелоти на своите соработници.

Италијанецот сигурно нема да може да смета на неколку првотимци на „Енфилд“. Едер Милитао и Дани Карвахал ја завршија сезоната, Родриго, Лукас Васкес и Аурелиен Чуамени исто така се повредени и нема да играат против Ливерпул.

Натпреварот на „Енфилд“ е закажан за 27 ноември.

- Оглас -

Најнови вести