КФМ со симболични цени ќе ја полни салата за мечот против Литванија

Кошаркарската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за мечот против Литванија од квалификациите за пласман на Европското првенство. Цените се симболични, по 300 денари за сите места во салата „Кале“, каде што ќе се одигра натпреварот.

Дуелот против Литванија на програмата е на 21 ноември, со почеток во 18 часот, а од КФМ очекуваат пола сала која ќе им помогне на нашите кошаркари да дојдат до значајна победа, која ќе ни ги зголеми шансите за враќање на континенталните собири.

Билетите се продаваат во продажната мрежа на МКтикетс низ цела Македонија, како и онлајн.

- Оглас -

Најнови вести