Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши времето без официјални настапи на турнири да го искористи за одмор и подобро да се подготви за следната сезона.
Додека неговите најголеми ривали од врвот на тенисот се борат за трофејот во Торино, Новак сподели видео со кое ги изненади своите следбеници.
Имено, на видеото може да се види како тој изведува шпага и медитира со затворени очи, и тоа на тениска мрежа. На прв поглед делува како да „лебди“, но всушност е оптичка илузија.