Лазаров одбра 35-мина ракометари кои се во комбинација за настап на СП во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35-мина ракометари на кои смета за претстојното Светско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонската репрезентација ќе игра во хрватскиот град Вараждин, и тоа како дел од групата Д заедно со Гвинеја, Холандија и Унгарија. Со Унгарија играме на 15, со Холандија на 17, а со Гвинеја на 19 јануари. Ако го освоиме едно од првите три места, следуваат уште три меча од втората фаза, исто така во Вараждин. Доколку бидеме последни, ќе следува разигрување во Претседателскиот куп во салата во градот Пореч.

На списокот на Лазаров убедливо најбројни се ракометари од клубот Алкалоид, а само тројца играат во странски клубови, тоа се Томовски, Талески и Карапалевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести