Репрезентацијата на Сан Марино 20 години немаше победа, откако во 2004-тата славеа над Лихтенштајн со 1-0 на пријателски меч, а тоа воедно им беше и единствената победа во историјата, се до септември кога повторно славеа над Лихтенштајн, овојпат со 1-0 во Лигата на нации.
Таа победа, но и ремито против Гибралтар им го отворија патот до првото место во групата, а тоа го потврдија и вечерва со нова победа против Лихтенштајн со 1-3 на гостински терен. Тоа значи дека Сан Марино не само што го освои првото место во групата и застана во редот за бараж за Светското првенство, туку обезбеди и промоција во повисок ранг, односно во дивизијата „Ц“ од Лигата на нации.
Победата на Сан Марино од 3-1 над Лихтенштајн ќе остане запишана во историјата на фудбалот на оваа мала земја и поради фактот дека првпат во својата историја успеаја да постигнат три гола на еден натпревар.