Аргентинецот Херардо Тата Мартино, одлучил да си поднесе оставка од функцијата тренер на Интер Мајами и тоа ќе го објави на заедничка прес-конференција на која ќе присуствуваат и Дејвид Бекам и Хорхе Мас кои се газди на клубот.
Мартино е еден од омилените тренери на Лионел Меси, Тата му беше тренер и во Барселона и во аргентинската репрезентација, но по неуспехот во плејофот на МЛС лигата, Мартино се повлекува од „лични причини“ на една година пред крајот на договорот.
Под водство на Мартино, Интер од Мајами освои еден трофеј, а имаше и рекорден број на освоени бодови во регуларната сезона во МЛС лигата.