На 13 декември ќе биде извршено извлекување за состав на групите за квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада, а од поодамна беше познато дека Македонија ќе биде во третиот шешир, но вечерва се знае целата листа на тимови кој од каде ќе ја чека ждрепката.
Ќе има 12 групи, шест со по четири, а шест со по три тима. На СП сигурно одат само првопласираните од секоја група, додека второпласираните одат во баражи. Во баражите ќе има место и за четири селекции кои нема да бидат на прво или второ место во квалификациите, а биле први во својата група во оваа сезона од Лигата на нациите (меѓу нив е и Македонија, која е 11-торангирана и ако не успее преку квалификации да се најде барем во бараж, ќе чека барем седум победници на групи од Лигата на нациите да бидат на прво или второ место, па да влезе во баражите во кои ќе има 16 тима, од кои четири ќе играат на Мундијалот).
ПРВ ШЕШИР: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија.
ВТОР ШЕШИР: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Норвешка.
ТРЕТИ ШЕШИР: Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, Црна Гора, БиХ, Израел.
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.
It’s been a wild ride.
We hope you’ve enjoyed it like we have. 😎 pic.twitter.com/wrvs1WNdfT
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 19, 2024