На Исланд замрзнаа надежите на Вардар 1961 за плејоф во Европската лига

Ракометарите на Вардар 1961 и ослабени без Лазаревски, Борозан и Еспиња освоија бод на гостувањето кај Валур на Исланд откако одиграа 34-34 во дуел од Европската лига. Вардар веќе нема шанси за пласман во следната фаза, а им останува уште еден меч, дома со силниот германски тим Мелсунген.

Вардарци бодот го освоија благодарение на гол од седмерец во последна секунда.

Мечот беше неизвесен. Вардар првпат поведе во 41-вата минута, кога беше 24-23, а во првото полувреме Валур имаше предност од пет гола разлика.

Со серија од 3-0, Црвено-црните дојдоа до 33-32 во 58-мата минута, што беше второ нивно водство во текот на средбата која мораа да ја добијат за да останат со шанси за пласман во нокаут-фазата. Исланѓаните одговорија со серија од 2-0, а во последна секунда Срдановиќ реализира пенал за 34-34.

Герогиевски, Срдановиќ и Маргели со по 5 гола беа најефикасни во македонскиот тим, а Гогов имаше 7 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести