Саудиска Арабија го претстави стадионот на иднината, ќе биде готов до 2029 (Фото)

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година и веќе на големо работи на организацијата на Мундијалот и изградбата на стадионите. Арапите почнуваат со изградба на стадионот „Крал Салман“, кој ќе биде со капацитет за 92.000 гледачи, а според фотографиите од проектот, навистина ќе изгледа нереално и како стадион од иднината.

Овој стадион ќе биде најголемиот во Саудиска Арабија и ќе биде изграден до 2029 година, а најверојатно на него ќе се игра и финалето на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести