Турскиот прволигаш Ризеспор е во активни преговори со македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски, а според турските медиуми, договорот е блиску.
За популарниот Џани тоа би било враќање во турската Суперлига откако играше таму и како позајмен во Фенербахче. Алиоски е слободен и може веднаш да потпише и да игра. Тренерот Илхан Палут не е задоволен од левите бекови на тимот од градот на црноморското приморје и барал да се донесе играч од типот на 32-годишниот Алиоски.