Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, смета дека причина за серијата порази на неговиот тим е што имаат многу повредени играчи.
„Нека се вратат сите, па ќе ја видите силата на Манчестер сити. Тешко е кога ви фалат четворица централни дефанзивци, двајца од средниот ред, во аут е и најдобриот на светот, Родри, и три крила. Вратете ми ги сите и ќе го видите Сити“, рече Гвардиола.
Многумина не се согласуваат со оваа изјава. Во моментов повредени се само Рубен Дијаш, Ковачиќ, Родри и Доку. На последниот меч со Тотенхем не играа тие четворица, а Де Бројне, Грилиш и Аке влегоа како резерви.