Вечерва по полноќ во НБА-лигата се играат пет натпревари, и тоа дуели од НБА-купот. Десетте тима ќе се борат за место на завршницата во натпреварувањето кое првпат се играше лани.
Ланскиот освојувач на НБА-купот, ЛА лејкерс, има 2-0 во НБА-купот и гостува во Феникс, кој има 1-1.
На Хјустон му треба победа за да го освои првото место во групата А на Западот, Јута и Вашингтон ако загубат, ќе бидат елиминирани од трката, а во Торонто ќе навиваат за Мајами бидејќи победа на Милвоки ќе значи дека канадскиот тим ќе биде во аут од НБА-купот.
Мечеви од НБА-купот ќе се играат и в петок (29 ноември) и вторник (3 декември). Во нокаут-рундата играат осум тима, а финалето е на 17 декември во Лас Вегас.
Во понудата на Sport Life за играчи има околу 50-мина кошаркари на кои може да се обложите колку тие поединци ќе бидат расположени за поентирање.