Компани: Не ја гледам табелата во ЛШ, сѐ уште не го разбирам овој формат

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, изрази задоволство од настапот на неговиот тим во натпреварот против ПСЖ. Баварците славеа со 1-0 во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

„Секако дека сум задоволен. Сакавме нашите навивачи да се вратат дома среќни и успеавме. Нашиот притисок во првото полувреме беше многу добар. Можевме да постигнеме уште еден или два гола и тоа ќе го направеше натпреварот помирен. Севкупно, ова беше добар меч за нас“, изјави Компани.

„Важно е да ја постигнеме нашата цел. Ако ги добиеме преостанатите натпревари, имаме шанса да влеземе меѓу топ 8,“ додаде белгискиот стратег.

Компани исто така сподели дека сѐ уште не ја разгледува табелата во Лигата на шампионите, особено поради новиот формат на турнирот.

„Не ја гледам табелата бидејќи, искрено, сѐ уште не го разбирам овој формат. Добро ќе биде ако добиеме уште неколку натпревари“, заврши Венсан Компани.

- Оглас -

Најнови вести