Ханси Флик сака нов напаѓач во Барселона и го пронајде во Премиер лигата

Барселона сериозно размислува за засилување на напаѓачката позиција за следното лето, со оглед дека моментно единствениот класичен напаѓач во тимот е Роберт Левандовски, кој е во одлична форма. Тој синоќа беше двоен стрелец против Брест, а ја надмина и бројката од 100 гола во Лигата на шампионите (101), каде што е во друштво на Кристијано Роналдо (140) и на Лионел Меси (129).


Сепак, тренерот Ханси Флик ја истакнува потребата од уште еден напаѓач, барање што веќе го пренел и на раководството на клубот.

Шпанските медиуми објавуваат дека Барселона веќе го идентификувала идеалниот кандидат за таа позиција, шведскиот репрезентативец Александар Исак, кој моментно настапува за Њукасл. Исак се наоѓа во одлична форма и со своите настапи привлече внимание од голем број европски клубови, вклучувајќи ја и Барселона.

Каталонците го сметаат Исак за напаѓач кој се вклопува во нивниот стил на игра. Неговата предност е и тоа што веќе има искуство од шпанската Ла Лига, каде што три години успешно играше за Реал Сосиедад. Овој факт го прави уште поатрактивна опција за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести