Со 30 денари уплата на тикет, за еден гол не заработи над 10.000 евра (Фото)

Секој уплатен тикет има посебна приказна. Еден таков тикет е тој што беше уплатен во неделата во Богданци. Вкупно 16 натпревари од различни европски првенства, а уплатата е само 30 денари.

Вкупниот коефициент на тикетот е неверојатен и изнесува 24.584. Тоа значи дека со 30 вложени денари бруто-добивката ќе беше 737.523 денари, а нето-добивката ќе изнесуваше 626.899 денари.

Поголем број од прогнозите се за тоа кој тим ќе победи, а има и комбинации со игрите на голови. Од сите 16 одиграни средби, погодени се дури 15. Само еден гол на еден натпревар е препреката за тикетот да биде добитен за повеќе од 10.000 евра.

Големата радост ја спречи дуелот меѓу Ајакс и ПЕЦ Цволе, каде што одиграно е да има барем по еден гол на двете страни во првото полувреме. Ајакс даде гол во првиот дел, но Цволе не успеа да ја затресе мрежата на домаќините. Токму тој гол што Цволе требаше, а не го даде е причината за тикетот да не е добитен на точно 626.899 денари.

- Оглас -

Најнови вести