Анчелоти покажа колку е сигурен: Ова за нас не беше меч „да се биде или не“, ќе се пласираме во следната фаза

Реал Мадрид има само две победи од пет меча во Лигата на шампиони, но тоа не го загрижува многу тренерот Карло Анчелоти. По поразот на гостувањето кај Ливерпул, италијанскиот стратег даде оптимистички изјави за тоа како ќе продолжи Кралскиот клуб во продолжение од елитното натпреварување на УЕФА.

„Овој меч против Ливерпул не беше за нас да се биде или не. Овој резултат не ги менува многу работите. Дури и да победевме, ќе беше тешко да се бориме за место во Топ 8 на табелата. Дополнителен проблем прават постојаните повреди, но слично беше и минатата сезона. Ова е тешко време за нас, но мора да издржиме. Имаме искуство од минатото кога поминавме добро, па ќе видиме дали и овојпат ќе биде така“, рече Анчелоти веднаш по поразот на „Енфилд роуд“.

Тренерот потенцираше дека вината за поразот не ја вперува кон Килијан Мбапе кој промаши пенал, кој доколку го погодеше, ќе израмнеше на 1:1. Анчелоти вели дека Реал сигурно ќе игра во следната фаза од ЛШ.

„Мбапе се бореше, се натпреваруваше и тој ја има целосната поддршка од сите нас. Ќе се квалификуваме за следната фаза и ќе продолжиме да се натпреваруваме како што тоа го правиме секоја година. Ќе видите дека ќе биде така“, оптимистички порача  Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести