Тениски класик на Индијан велс – Серена подобра од Азаренка

Серена Вилијамс и Викторија Азаренка приредија вистински класик во второто коло на Индијан Велс. Вилијамс го доби мечот со 2-0 во сетови (7-5, 6-3), а пред овој дуел имаше учинок од 17-4 во 21 пресметки со белоруската тенисерка. Дуелот воедно беше од реприза од финалето во 2016 токму на овој турнир, меч кој тогаш го доби Азаренка со 2-0 во сетови.

Колку всушност беше возбудлив дуелот, покажуваат седумте брејкови кои се случија само во првиот сет. Прв потег направи Азаренка, а Серена возврати со три украдени сервиси пред Белорусинката да се врати на 5-5, а откако не искористи четири брејк топки, Вилијамс ја зграпчи шансата да поведе во сетови.

Уште на стартот од вториот сет Азаренка покажа дека нема да се предаде пред време и веднаш освои гем при сервис на противникот, но Серева врати на ист начин, а клучен беше осмиот гем по кој Американката поведе со 5-3, па од трета среќа се пласира во следната фаза.

Вилијамс во следното коло ќе игра против Габрине Мугуруза која во сва сета (6-1, 6-3) беше подобра од Лорен Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести