Манчестер јунајтед загуби од Арсенал во битката за четвртата позиција во Премиер лигата, „топчиите“ на домашен терен славеа со 2-0 со головите на Џака и Обамејанг. Оле Гунар Солскјер првпат претрпе разочарување во шампионатот откако седна на клупата на „црвените ѓаволи“, а смета дека неговите фудбалери не го заслужија поразот.
„Почнавме бавно, можеби тоа е последица за потрошените сили во Париз. Сепак, креиравме голем број шанси, многу повеќе отколку кога победивме тука во ФА купот. Се случуваат вакви работи, не треба да се удираме со главата во ѕид. Она што ми смета е одлуката за пеналот кој го доби Арсенал. Мислам дека судијата ќе се разочара кога ќе ги прегледа снимките бидејќи според мене, тоа не беше за најстрога казна“, истакна Солскјер по мечот.
Јунајтед за шест дена гостува кај Вулверхемптон во рамките од четвртфиналето во ФА купот, а на 30-ти март го пречекува Ватфорд во рамки од 32-то коло во Премиер лигата.