„Вараждин арена“ започнува да се полни за мечот од Светското ракометно првенство помеѓу Македонија и Гвинеја, а од она што може да се забележи на влезовите од салата, обезбедувањето буквално ги претресува сите навивачи. Се бараат тврди предмети и шишиња, како што беше и најавено.
Забележано е и двојно поголемо присуство на обезбедување и полиција, кои ќе го обезбедуваат мечот, а делот од трибината што се наоѓа зад клупите за резервни играчи и записничката маса, ќе биде затворен за гледачи.