Дојде време за разделба – Карачиќ потпиша тригодишен договор со Кјелце

Игор Карачиќ си оди од Вардар и ќе игра за послкиот првак Кјелце по завршувањето на оваа сезона, а двете страни се договорија за тригодишна соработка.

Карачиќ е еден од ракометарите кои се од почетокот на проектот на Вардар кон шампионските височини, а Хрватот погоди џекпот со останувањето кај „црвено-црните“ со доаѓањето на Сергеј Самсоненко.

Хрватскиот репрезентативец е член на Вардар од 2012 година, а се радуваше на многу домашни трофеи и на највредниот во историјата на „црвено-црните“, на европскиот пехар пред две години, кога скопјани станаа европски шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести