Моќта на Кристијано Роналдо, посебно во мечевите од Лигата на шампионите, уште еднаш беше презентирана на дело вечерва во Торино. Португалецот даде три гола и го одведе Јувентус во четвртфиналето. Херојот на „старата дама“ се јави со свое мислење веднаш по мечот и најави дека е дојден за да направи големи работи со Јувентус.
„Ова мораше да биде посебна ноќ и беше. Не само поради головите туку и поради тимот и неговиот неверојатен однос. Ова е менталитет кој ви е потребен во Лигата на шампиони. Ние сме на вистинскиот пат“, рече Роналдо, кој додаде дека неговата мисија е со Јувентус да стане европски првак. „Затоа клубот ме доведе. Да помогнам во магични ноќи како што беше оваа. Атлетико е навистина многу тежок ривал, но ние ја покажавме нашата сила и заслужено поминавме во следната фаза. Прерано е да се зборува за финале. Треба да одиме чекор по чекор“, рече Ронадо веднаш по мечот.