На Орландо му треба магија за плејоф

НБА и НХЛ-лигата влегуваат во финишот на регуларниот период, се бијат жестоки битки за позициите кои водат во плејофот, а за ноќеска ви нудиме пет предлог-типови, три од кошарката и два од хокејот во САД и Канада.

 

Орландо меџик – Кливленд кавалирс (НБА, 00 часот)

Орландо има четири порази на последните пет натпревари и ноќеска мора да победи ако сака да се надева дека нема да остане на деветтото место во Источната конференција. Тоа е позицијата број 1 зад октетот што би играл плејоф, па Меџик немаат избор.

Домаќините играат солидна одбрана, а Кливленд ќе биде релаксиран и мошне незгоден ривал за нив. Кавалирс го добија последниот дуел против Орландо пред десеттина дена, и тоа убедливо со 107:93.

Гостите играат многу подобро откако им се врати Олстар-ѕвездата Кевин Лав. Се разиграа и помладите кошаркари, одлични настапи имаат Џеди Осман и Колин Секстон, па тие ќе се обидат да слават и ноќеска во Орландо. Немаат шанси за плејоф, но во последниот период победуваа фаворити и за титулата, па подготвени се за нов успех.

Очекуваме Орландо да внимава на одбраната бидејќи за нив тоа е клучот на успехот, па ќе типуваме меч со помал број на поени од понудената граница во Sport Life.

Предлог тип: < 211.5 поени (1.85)

 

Индијана пејсерс – Оклахома тандерс (НБА, 00 часот)

Веќе се чувствува плејоф модот во НБА-лигата на десеттина натпревари до крајот на регуларниот дел на сезоната.

Во „Банкерс лајф Филдхаус арената“ ноќеска меѓусебе ќе играат третопласираните екипи од двете конференции. Оклахома дури има шанси и за првото место на Западот, па Џорџ, Вестбрук и соиграчите ќе се обидат да ја победат Индијана, која не е во форма, исто како и гостите.

Индијана загуби неколку дуели од аутсајдерите во последниот период и ќе мора да игра многу подобро во финишот, ако сака да ја задржи позицијата број 3 на Истокот. Им недостасува оддамна повредениот Виктор Оладипо, кој им е прв стрелец. Товарот падна на Бојан Богдановиќ сега како прва опција во нападот.

Хрватот игра добро, но не може сам, особено не против тандемот што на гости им доаѓа ноќеска. Пол Џорџ и Расел Вестбрук можат да играат против секој противник, а играта на Оклахома во голем процент зависи од нивниот учинок.

Очекуваме неизвесен меч што е многу значаен за двете екипи, и Индијана и Оклахома знаат да играат добра одбрана, па и тука ќе типуваме меч со малку поени.

Предлог тип: < 218.5 поени (1.88)

 

Денвер нагетс – Далас маверикс (НБА, 03.30 часот)

Денвер бие жестока битка со шампионот Голден стејт ворриорс за првото место во Западната конференција и ноќеска е голем фаворит против Далас.

Маверикс отпаднаа од трката за плејофот и веќе е видливо разочарувањето. Нанижаа шест порази по ред, а се чини и седмиот е на ред.

Денвер ги победи на последните два меча, кај Далас, Лука Дончиќ се мачи со повредата, но сепак игра во обидот да биде руки на годината, награда што се чини не може да му побегне.

Јокиќ и соиграчите се компактен состав, можат секого да победат во Лигата, па ќе типуваме единициа со хендикеп против Далас.

Предлог тип: 1 со хендикеп 11,5 поени (1.90)

 

Бафало сејберс – Питсбург пингвинс (НХЛ, 00 часот)

Бафало веќе нема шанси за учество во доигрувањето за титулата во НХЛ, а проблем за Сејберс е отсуството на најдобриот хокеар Џек Ејчел. Тој е повреден и нема да игра, а под знак прашалник се и настапите на Мекејб и на Богосјан.

Тоа е голем хендикеп за Бафало бидејќи на гости им доаѓа тим што има шампионски амбиции. Питсбург има пет победи на последните шест меча, се наоѓа во извонредна форма предводен од Сидни Крозби, четврторангираниот поентер во лигата.

Бафало го доби последните два дуели со Питсбург со голови во продолженијата, но сега гостите се фаворити и се многу поблиску до победата, што им е многу важна во битката за позициите кои водат во плејофот.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

Отава сенаторс – Сент Луис блус (НХЛ, 00.30 часот)

Отава е најслабиот тим во НХЛ-лигата сезонава, променија и тренер неодамна, но поразите продолжија да се редат. Ги имаат четири по ред и исто толку на последните четири меча со Сент Луис.

Гостите имаат многу проблеми со повредите, ноќеска во Канада нема да играат Тарасенко, Перон, Гунарсон, Едмундсон и Блејс, но мора да се победи Отава.

Сент Луис бие битка за место меѓу октетот најдобри во Западната конференција, моментно се шестопласирани, но не и сигурни за настап во плејофот. Иако нема да биде лесно, типуваме победа на гостите.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

 

- Оглас -

Најнови вести