УЕФА отвори истрага против Роналдо, му се заканува суспензија од два меча

Кристијано Роналдо може скапо да го плати начинот на којшто го прослави третиот погодок во победата против Атлетико Мадрид. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) официјално покрена истрага против ѕвездата на Јувентус, кој сакаше да го имитира тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, со прославата од првиот меч во Мадрид.

Конечната одлука околу тоа што ќе биде казната за Роналдо ќе се знае на 21 март (в четврток). Многумина веруваат дека постои можност Роналдо воопшто да не игра на двата меча од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс, односно да добие суспензија од два меча.

Од Јувентус се надеваат дека УЕФА нема да биде толку строга и дека сепак само парично ќе го казни нивниот најдобар фудбалер, како што беше направено во случајот со Симеоне.

 

https://twitter.com/ADP1113/status/1107595507210309632

 

- Оглас -

Најнови вести