Кочов: Во Сараево ќе ни треба паметна игра и мирна рака

МЗТ Скопје Аеродром утре, од 20 часот, во спортската сала „Ново Сараево“ против Спарс го игра првиот меч од полуфиналето на плејофот во втората АБА-лига со надеж дека ќе ја продолжи серијата победи во дуелите со сараевскиот тим. Триумф утревечер би можел да биде клучен бидејќи се игра само во две добиени, а вториот меч е в недела, во Скопје.

„Штрковите“ денеска се во главниот град на БиХ и веруваат дека може повторно да слават против Спарс, кого во Сараево пред неколку месеци го совладаа со 75-71.

„Спарс е екипа која добро ја познаваме и ја респектираме. Со покажаното во оваа изедначена и квалитетна лига, заслужено се во плејофот. Победите над овој ривал во регуларниот дел од сезоната не значат ништо бидејќи сега влогот е многу поголем. Зад нас е деветмесечен труд, среќни сме што се најдовме во разигрувањето за титулата, но ќе бидеме уште посреќни ако се пласираме во големото финале. Верувам дека подготвени ќе влеземе на овој меч во Сараево. Спарс во изминатиов период дома беше речиси непобедлив. Сега е нешто друго, ова се мечеви во кои нема поправен и се бара многу концентрација, паметна игра и мирна рака. Се надевам дека играчите ќе дадат максимум и ќе се вратиме со победа“ – вели тренерот Ѓорѓи Кочов во пресрет на пресметката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести