Каков кам-бек на Тричковски, прв меч по повредата зачинет со два гола

Иван Тричковски се врати на фудбалските терени на импресивен начин и со два гола е главниот креатор на победата на АЕК Ларнака против Аполон.

Македонскиот репрезентативец беше повреден, а ова му беше прв меч и кам-бек, а го зачини на прекрасен начин со голови. АЕК победи со 2:1 и ја продолжи битката за позиции кои водат во Европа Лигата.

Првиот гол Тричковски го постигна во седмата минута, а победничкиот повторно беше негово дело и го постигна во 73. минута.

За АЕК цел меч одигра и поранешниот репрезентативец на Македонија, Даниел Мојсов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести