Клоп објасни зошто не сакал да го добие Порто за ривал

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, екипата на Ливерпул, верува дека оваа сезона може да го направи завршниот чекор и да стигне до тронот. Англискиот гигант за ривал во четвртфиналето го доби Порто. Според многумина, португалскиот претставник е најлесен ривал од сите осум клуба коишто останаа, но така не мисли менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Интересно е што овие два клуба играа и минатата година во нокаут фазата, а тогаш во осминафиналето Ливерпул на свој терен беше убедлив и победи со 5-0 (хет-трик на Садио Мане и по еден гол на Роберто Фирмино и Мохамед Салах). Во реваншот немаше погодоци, па Ливерпул лесно продолжи понатаму.

„Кога минатата година ги победивме со 5-0 си помислив ’Добро е, но доста е. Одреден период нема потреба да играме со овој ривал’. Ете сега повторно мора да се соочиме со нив. Сите го сакаа Порто за ривал, но тие што малку се разбираат од фудбал, знаат дека тоа не е добар ривал за нас. Ова ќе биде вистински меч од ЛШ“, рече тренерот на Ливерпул, Клоп.

Првиот дуел од четвртфиналето меѓу овие два ривали е вечерва, на „Енфилд роуд“ во Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести