Второто коло од кошаркарската Суперлига и плејаут-лигата нема да се одигра во следните неколку дена како што беше предвидено со утврдениот распоред.
На состанокот на Здружението на прволигаши е одлучено да им се даде дополнително време на клубовите кои беа суспендирани од страна на МКФ да ги подмират обврските кон куќата на кошарката.
Гостивар и Куманово денеска требаше да го отворат колото (другите двојки се Работнички – Кожув и МЗТ Скопје Блокотехна), но мечевите од оваа рунда ќе се играат претстојниот викенд.
Неофицијално, по три суперлигаши и плејаут-тимови имаат долг кон МКФ. Ако клубовите платат или обезбедат гаранции пред следното коло, суспензијата ќе им биде тргната.