Неверојатна драма со среќен крај за Манчестер на „Театарот на соништата“

Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо повторно се „живи“. Во неверојатен меч одигран на „Олд Трафорд“, најтрофејниот англиски клуб победи со 3:2, иако на 20-тина минути пред крајот имаше негатива од два гола. Оваа победа на Манчестер може да значи и спас за тренерот Мурињо, кој беше посочен како еден од главните виновници за досегашните лоши резултати.

Дуелот на „Олд Трафорд“ започна шокантно за Манчестер. По само 10 минути, Њукасл имаше предност од 2:0. Кенери и Муто погодија за водство на гостите и молк кај домашните фанови. Играчите на Манчестер делуваа изгубено и немоќно. Така беше до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, како да се појави некој друг Манчестер јунајтед. Домаќините беа полни со енергија и желба за победа. Постојано напаѓаа, а тоа им се исплати во 70 минута. Хуан Мата од слободен удар намали на 1:2 и го најави пресвртот. Шест минути подоцна Марсијал израмни на 2:2, вистинска драма се случи во 90 минута, кога Алексис Санчез со глава донесе победа за Манчестер и голема радост на „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести