Кочов: Жал ми е за публиката, имаше бегање од одговорност во некои моменти

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, смета дека на неговиот тим му се случило истото кое што му се случи на Задар на првиот дуел, но спомена и бегање од одговорност и недоволно паметна игра во второто полувреме.

„Во второто полувреме не бевме доволно паметни. Ова беше цврст натпревар. Играа со три високи во вториот дел, ни останува да анализираме и да пробаме да победиме во вторник, иако ќе биде многу тешко. Жал ми е за публиката која дојде во голем број. Лудо би било сега да ги оставам играчите и да си дадам оставка. Дадовме сè од себе. Целта ни беше да влеземе во топ 4 во АБА 2, стигнавме до тука. Како што Задар реагираше лошо на првиот меч, така и ние денеска. Кај нас имаше бегање од одговорност во одредени ситуации“, рече тренерот Ѓорѓи Кочов.

Некогашниот тренер на МЗТ, а сега на Задар, Анте Назор беше задоволен што неговата екипа покажала карактер.

„Бевме со една нога во гроб, сега излеговме со една нога од гробот. Покажавме карактер. На разлика од минус 10, покажавме иницијатива да се вратиме. Видовме каде ни се предностите и пробавме да ги искористиме. Имаше недостатоци во скокот и тоа треба да го поправиме ако сакаме да го добиеме третиот меч“, рече тренерот на Задар, Анте Назор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести