Магии на Енрик и Авилја, постигнат голот број 3 илјади во Ла Лига (Видео)

Со два магични гола Уеска го победи Еибар со 2-0 и му го предаде фенерот на Рајо Валјекано во популарната шпанска Ла Лига.

Со петица на извонреден начин, Енрик Гаљего го постигна првиот гол на мечот, а тој е јубилеен триилјадити откако шпанското првенство се ребрендира во Ла Лига.

Потоа следуваше уште поубав гол, го постигна со неверијатен волеј од 20-тина метри Езекило Авилја, а домаќините останаа во битка за опстанок во елитната шпанска лига.

Сега Уеска со 29 бода е претпоследна, а фенерот со меч помалку го има Рајо Валјекано. Еибар е релативно безбеден во битката за опстанок со 40 бодови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести