Тотенхем утре игра против Ајакс, но Покетино зборува за фудбалер од друг клуб

Тотенхем е единствениот од четирите полуфиналисти во Лигата на шампиони што никогаш не бил европски првак. Лондонскиот тим за прв пат по 1962 година е меѓу најдобрите четири во елитната лига на УЕФА, а ривал им е Ајакс. Холандскиот тим кој има четири европски круни, во претходните две нокаут фази ги елиминираше фаворизираните Реал Мадрид и Јувентус, а сега предизвик ќе им биде Тотенхем.

„Ќе биде тежок меч. Ривал како Ајакс заслужува целосена почит. Сепак, ние веруваме во нашата сила и веруваме дека се е можно. Ова е голема шанса за нас. Не се случува често да се биде дел од полуфинале во ЛШ“, вели Покетино.

Аргентинскиот стратег е свесен дека ниту Тотенхем, но ниту Ајакс не е фаворит за освојување на тронот. Според Покетино, еден играч ја прави разликата во однос на тоа кој е фаворит.

„Во четвртфиналињата видовме дека нема фаворит, но сепак според мене, таа улога на прв фаворит за трофејот е за Барселона. Тоа е така, бидејќи тие во својот состав го имаат Лионел Меси“, објаснува Покетино.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести