Вардар и Кјелце имаат по два кандидати – Карачиќ и Криштопанс во трка за МВП

Игор Карачиќ и Даинис Криштопанс одиграа брилијантен меч против ПИК Сегед, како и останатите вардарови ракометари, а двајцата бекови на „црвено-црните“ се во најтесниот избор за МВП на колото во изборот на ЕХФ.

https://twitter.com/ehfcl/status/1122863256190611456

Европската куќа на ракометот понуди 7 играчи за кои може да се гласа на нивната официјална интернет страница.

Само Вардар и Кјелце имаат по двајца ракометари кандидати за најдобар играч на колото, а кај полскиот тим, кој го декласираше ПСЖ со 34:24 во игра се Јанц и Кулеш.

Малку е чудно што во конкуренција е крилото на ПСЖ Уве Генсхајмер, по дебаклот на „светците“, а покрај него и тандемите од Вардар и Кјелце тука се и голманот на Веспрем Роланд Миклер и Лудовик Фабрегас од Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести