Мбапе го казнија со три меча и автоматски „Златната копачка“ е за Меси

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, доби суспензија од три меча поради грубиот старт врз Дамиен да Силва на дуелот од финалето во Купот против Рен. Мбапе беше исклучен во 118-тата минута, а Да Силва може да биде среќен што не заработи скршеница на ногата. Мбапе директно со копачката отиде во коленото на противникот, па заработи и црвен картон.

https://youtu.be/UPT8jE27Zi4

Поради тежината на прекршокот, Дисциплинската комисија реши дека Мбапе треба да пропушти три од последните четири кола во Франција. Тоа значи дека нема да игра против Ница, Анже и Дижон, а може да се врати на теренот во последното коло против Ремс.

Казната на Мбапе има уште една голема одлука. Со ова речиси сигурно е дека Златната копачка за најдобар стрелец во Европа ќе заврши кај Лионел Меси. Аргентинецот досега има дадено 34 голови за Барселона, а единствено што има 30 голови во топ 5 лигите е само Мбапе. Фактот дека Французинот нема да игра на следните три дуели значи дека Меси е недопирлив, па на крајот од сезоната во својата приватна колекција ќе додаде уште едно големо признание.

 

 

- Оглас -

Најнови вести