Манчестер ќе го продава Лукаку, Интер е прв на листата за купување

Ромелу Лукаку е се поблиску до заминување од „Олд Трафорд“. Белгискиот репрезентативец сезонава играше многу променливо, а според челниците на „црвените ѓаволи“, тоа не е доволно за негово останување и во следната сезона. Манчестер треба да одигра уште два меча во Премиер лигата, а има само теоретска шанса да се надева за место кое води во Лигата на шампиони.

Тренерот Оле Гунар Солскјер најави дека повеќе играчи ќе си заминат во летниот преоден рок, а Лукаку треба да е еден од нив. Како можна следна дестинација за голгетерот се споменува Интер. Италијанскиот тим најверојатно ќе треба да најде нов играч во нападот, ако се знае дека многу веројатно е заминување на Мауро Икарди од „Џузепе Меаца“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести