Ангеловски: Да ги решиме сите дилеми околу првото место

Проблемот со Иван Тричковски, кој е повреден и веројатно нема да игра на натпреварите со Лихтенштајн и Ерменија, му носат главоболка на селекторот Игор Ангеловски, но тој е оптимист и вели дека сега Македонија треба да стори сè за да ги реши дилемите околу првото место во нашата група.

Во сегментот Д од Лигата на нациите, Македонија е блиску до полуфиналето, но пред сè, треба да се победи Лихтенштајн во сабота, во Скопје, а потоа и да триумфира или да одигра нерешено со Ерменија на гости во Ереван.

„Очекуваме вести за степенот на повредата на Иван. Се надевам дека не е ништо сериозно. Мораме максимално одговорно да одиграме против Лихтенштајн и да ги освоиме бодовите, а потоа во добро расположение да патуваме за Ереван. Сега, на овие два меча да се обидеме да го решиме прашањето околу првото место“, изјави Ангеловски.

Македонија во сабота ќе слави и јубилеј, 25 години од првиот меч со Словенија, па селекторот и репрезентативците ја повикаа публиката да дојде во што поголем број на националната арена во Скопје.

„Чест и задоволство е да се игра на таков јубилеј. Ги повикувам навивачите масовно да дојдат и да ги подржат овие момци. Со игрите и резултатите заслужуваат поддршка, а ќе сториме сè за да ја израдуваме публиката со нова победа“, додаде Ангеловски.

 

- Оглас -

Најнови вести