Валенсија сиот гнев го истури врз Уеска

Поразите од Атлетико Мадрид и Еибар, но и оној од Арсенал во Лигата на Европа како да ја разбудија Валенсија, па вечерва славеше на гостувањето кај Уеска со високи 6-2. Фудбалерите на Марселино одиграа фантастично прво полувреме во кое постигнаа пет од шесте гола.

Голеадата започна од Вас во втората минута, а до паузата мрежата ја тресеа уште Родриго и Мина во два наврати, додека Ечеита постигна автогол за огромни 5-0. Родриго уште еднаш се запиша во листата на стрелци во 51-вата минута, а домаќините до крајот го ублажија поразот со погодоците на Мелеро и Галар.

Валенсија со овој триумф се израмни со Севилја по бројот на бодови на петтата позиција, двете екипи имаат по 55 бода, односно три помалку од Хетафе. Уеска одамна знае дека следната сезона ќе се врати во второто по квалитет шпанско првенство.

- Оглас -

Најнови вести