Холандскиот гигант Ајакс сезонава се бори за освојување на тројната круна. Изминатиов викенд тимот се радуваше на титулата во Купот на Холандија, а во игра се и шампионските пехари во домашното првенство, но и во Лигата на шампионите.
Ајакс направи големо изненадување со пласманот во полуфиналето од ЛШ, каде што има и предност од 1-0 по првиот меч против Тотенхем. Како творец на овој одличен тим на Ајакс е назначен тренерот Ерик тен Хаг. Токму поради начинот на работа со Ајакс, Тен Хаг стана цел на повеќе европски клубови.
Еден од најпознатите фудбалски менаџери, Мино Рајола сака да направи трансфер на тренерот на Ајакс на клупата на Пари Сен Жермен. Францусиот првак сезонава освои само еден трофеј, тој во домашниот шампионат, но затоа разочара во двата Купа на Франција, како и во Лигата на шампионите. Затоа Тен Хаг се гледа како наследник на Томас Тухел.
Интерсно е што Тен Хаг има работено во европски гигант, и тоа во Баерн Минхен. Сепак, тренерот не бил со првиот тим, туку го водел резервниот состав на Баерн Михнен. Како тренер, тен Хаг бил уште и во Утрехт, Гоу ахед иглс, ПСВ и Твенте.
Покрај сите овие шпекулации за трансфер на Тен Хаг, тренерот на Ајакс е фокусиран на реванш-мечот од полуфиналето во Лигата на шампиони против Тотенхем. Ајакс има предност од 1-0 по мечот одигран во Лондон минатата недела.