Излезете и турнете го автобусот, па може да го славите пласманот во Премиер лигата. Ова беше пораката до фудбалерите на Норвич кои успехот планираа да го слават со парада низ улиците на градот возејќи се со специјално брендиран автобус.
Неколку играчи отидоа зад автобусот и на шега се обидоа да го турнат, но на крајот мораа да го сменат автобусот. Се префрлија на горниот кат од отворен двокатен автобус за панорамско разгледување и тоа воопшто не го намали славеничкото расположение на „канаринците“, кои по три години се вратија во англиската елита.
Во Премиер лигата влезе и Шефилд јунајтед, а за последното слободно место ќе се борат Лидс, ВБА, Астон вила и Дерби каунти.
Norwich's bus breaking down during the trophy parade. It's like something out of Mike Bassett 🤣pic.twitter.com/Z0mhyxeIj9
— Soccer AM (@SoccerAM) May 6, 2019