Фенер одбил 15 милиони од Лацио за Елмас

Римски Лацио понудил сума од 15 милиони евра до Фенербахче за слободата на Елиф Елмас, но „канаринците“ ја одбиле понудата на „орлите“. Од Фенер се тврди на својот став дека немаат намера да го продадат својот „дијамант“ за помалку од 20 милиони евра.

Лацио има позитивно искуство од минатото со македонски фудбалер, своевремено светло-синиот дрес на клубот го носеше Горан Пандев, па повторно би земале играч од нашата земја. Интерес за 19-годишниот Елмас има и од други клубови од Топ 5 лигите во Европа, но Фенербахче нема лесно да се откаже од талентот.

Сега е веќе јасно како бел ден дека во Фенербахче се вистински трговци, и клубот сака добро да заработи на Елмас, и дека играчот кој го купи за скромни 200.000 евра, ќе го продаде многукратно поскапо.

- Оглас -

Најнови вести