Се чекаше 10 години: По Јунајтед, Сити е првиот англиски тим кој ја одбрани титулата

Манчестер сити во голем стил ја одбрани титулата во Премиер лигата, остварувајќи победа од 4-1 над Брајтон во последното коло. Граѓаните не дозволија да се случи изненадување на „Амекс“ стадионот во Брајтон, по кое Ливерпул ќе беше шампион, а избраниците на Пеп Гвардиола остварија нешто што се чекаше цели 10 години.

Сити е првиот тим по Манчестер јунајтед кој ја одбрани титулата во Премиер лигата, а Црвените ѓаволи последен пат тоа го сторија во сезоната 2008/09, откако беа шампиони и во двете сезони пред тоа. Сега градскиот ривал во светло-сина боја може да се пофали дека има „бек ту бек“ титули, a воедно по шести пат во клупската историја се искачи на врвот на Англија.

Интересно е што сега три екипи може да се пофалат со ваков учинок. Покрај Сити и Јунајтед, Челзи е третиот тим кој има две титули во низа, во сезоните 2004/05 и 2005/06. Манчестер јунајтед е единствениот тим кој три сезони во низа бил шампион, а ниту една екипа нема четири последователни титули.

 

- Оглас -

Најнови вести