Кристијано Роналдо вчера беше мета на критики на медиумите по расправијата со фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци. Португалецот му замери на Флоренци за неговата висина, но последниот збор го имаше Римјанинот со погодокот за водство од 1-0 со кој се најави триумфот на Рома.
По мечот, Роналдо возврати на сите критики.
„Не верувам дека луѓето мислат дека сум робот, но ме гледаат како да сум некој кој нема проблеми, или пак не се грижи за ништо. Тие успехот го идентификуваат со парите и потоа се прашуваат, како некој може да биде тажен или да биде во криза, а да е милионер. Не се сите исти, но некои критичари чекаат како закочени пушки подготвени да распалат по мене. Со нетрпение чекаат да промашам пенал, да одиграм лош натпревар, или пак да потфрлам во одлучувачки натпревар. Но, тоа е дел од животот, се навикнав на такви работи иако некогаш не ми се допаѓаат, само се уморив слушајќи ги“, истакна Роналдо.
Јувентус уште пред вчерашниот пораз ја обезбеди титулата, додека Рома со трите бода има уште надеж за пласман во Лигата на шампионите.