Интер создава опасен напад: Лукаку и Џеко летово пристигнуваат на „Џузепе Меаца“

Летниот преоден рок уште не е започнат, но веќе се најавуваат неколку големи трансфери. Еден од клубовите кои се очекува да биде меѓу најактивните е Интер. „Нераѕурите“ ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, па сакаат да се засилат. Според најавите, веќе се договорени двајца докажани напаѓачи.

Ромелу Лукаку и Един Џеко треба да пристигнат на „Џузепе Меаца“. Белгискиот голгетер се согласил на петгодишен договор со Интер, според кој ќе добива 7,5 милиони евра по сезона, плус бонусите. Сепак, за да се оствари овој трансфер, потребна е согласност и од Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ треба да одредат сума за која ќе се откажат од услугите на Лукаку.

Помал пат за трансфер ќе има Един Џеко. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина си замина од Рома, а се очекува во скоро време да биде потврдено дека ќе го облече дресот на Интер. Договорот би бил на три години, а Џеко би имал годишна плата од четири милиони евра.

Интер веќе го договори искусниот дефанзивец Диего Годин од Атлетико Мадрид, а на клупата треба да седне Антонио Конте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести