Педро Родригес е првиот фудбалер кој може да се пофали дека има постигнато гол во финале од Лигата на шампионите и во финале од Лигата на Европа. Шпанецот се има радувано на погодок како играч на Барселона во финале од ЛШ, а вечерва погоди за Челзи против Арсенал.
Воедно, Педро е единствениот фудбалер кој во својот трофеј-кабинет ги има наредено трофеите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Светско првенство, Европско првенство, Европски Суперкуп и Светско клупско првенство.
Сепак, ако се гледа низ историјата, Педро не е прв играч кој погодил во финалиња на двете најсилни натпреварувања на УЕФА. Во некогашниот Куп на европски шампиони, сегашно Лига на шампиони, и некогашниот Куп на УЕФА, а сегашен Лига на Европа, во финалињата имаат погодувано уште и Алан Симонсен, Ернан Креспо, Дмитри Аленичев и Стивен Џерард.