Азар: Ова е моето збогум од Челзи

Најдобриот играч на Челзи, Еден Азар, синоќа го одигра последниот меч во дресот на англискиот клуб. Белгискиот репрезентативец имаше одличен меч и даде два гола во победата од 4:1 против Арсенал во финалето на Лигата на Европа.

Со златен медал на градите, Азар по мечот прокоментира: „Ова е моето збогум од Челзи“. Како што е познато, Азар во летниот преоден рок треба да направи трансфер во Реал Мадрид. Се очекува Челзи за овој трансфер да добие 115 милиони евра. И покрај тоа што си заминува, Азар одигра одлично за Челзи и беше еден од најзаслужните за трофејот.

„Одличен меч. Во првото полувреме двата клуба беа под голем притисок бидејќи е финале. Во продолжение, Жиру погоди и се отвори играта. Игравме добро и го контролиравме ритамот. Среќен сум што овој трофеј завршува на „Стемфорд бриџ“. Во следните денови треба да се знае мојата иднина. Јас донесов одлука, сега треба клубовите да се договорат. Мислам дека ова беше моето збогум од Челзи, но во фудбалот никогаш не се знае. Време ми е за нов предизвик“, рече Азар.

Белгиецот во Челзи одигра 352 натпревари, даде 110 голови, а освои шест трофеи.

- Оглас -

Најнови вести